Трамп го одби Зеленски

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Украина за да го види обемот на рускиот напад, додавајќи дека го почитува Зеленски, но дека таквата посета во овој момент би била „несоодветна“.

Loading...

„Имам најголема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент“, рече Трамп, според Newsmax.

Според Трамп, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден „моментално се занимава“ со Зеленски и не би сакала „да создаде конфликт на интереси“.

Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина, откако поранешниот американски претседател рече дека може да ја прекине руската војна против Украина во рок од 24 часа ако победи на изборите следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

Во интервју за NBC, Зеленски го доведе во прашање тврдењето на Трамп и го покани да ја посети Украина за сам да се увери во размерите на руската инвазија.

„Ако може да дојде овде, ќе ми требаат 24 минути – да, 24 минути… да му објаснам на претседателот Трамп дека не може да управува со оваа војна. Тој не може да донесе мир поради (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Зеленски.

Трамп во мај за Си-Ен-Ен тврдеше дека војната немаше да се случи доколку тој беше претседател кога започна целосната руска инвазија и дека би можел да го реши конфликтот за еден ден доколку биде реизбран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

„Ќе се сретнам со Путин. Ќе се сретнам со Зеленски. И двајцата имаат слабости и имаат силни страни. И во рок од 24 часа, таа војна ќе биде решена“, рече Трамп.

Loading...