Европската унија ќе ја зголеми хуманитарната помош за Појасот Газа за 25 милиони евра, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„На овој начин ЕУ ќе потроши вкупно 100 милиони евра за хуманитарна помош за цивилите во Газа“, изјави Фон дер Лајен во Брисел, пренесе Ројтерс.
Израел изврши интензивни воздушни напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој беа убиени повеќе од 1.400 Израелци, а повеќе од 200 луѓе беа киднапирани, а потоа копнените сили на израелската армија влегоа во палестинската енклава, пренесува Танјуг.
Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека од 7 октомври досега во Појасот Газа биле убиени повеќе од 9.700 луѓе.