Од почетокот на израелската војна против Хамас на 7 октомври во Франција се извршени 1.040 антисемитски дејствија, а за такви злосторства се уапсени 486 лица, меѓу кои 102 странци, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.
„Бројот на антисемитски дејствија експлодираше“, изјави Дарманен за телевизијата Франс 2 во неделата.
Шефот на париската полиција Лоран Нуњез во неделата изјави дека имало 257 антисемитски дејствија само во парискиот регион и 90 апсења за тие дела.
Нуњез истакна дека уапсените не се од типичен профил и дека меѓу нив има деца, но и луѓе кои сериозно ги поддржуваат Палестинците, пренесе „Монд“.
Еврејското население во Франција, кое се проценува на повеќе од 500.000 луѓе, е најголемо во Европа и трето по големина во светот, по Израел и САД.