Автобус управуван од 63-годишен скопјанец викендов удрил во велосипедист на автопатот Куманово – Скопје кај клучката Илинден.
Велосипедистот денеска починал во болница.
– На 05.11.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Кумановo-Скопје, под клучка „Илинден“, автобус „неоплан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(63) од Скопје, удрил во велосипед управуван од Т.Н.(67) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што денеска починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.