Веста дека некој во 2022 година земал месечно-бруто плата од 195.000 евра, односно годишно од 2,3 милиони евра, за што во вторникот информираше директорката на УЈП, Соња Лукаревска, се уште одекнува во јавноста.
Како што беше соопштено, најголематa бруто плата е во секторот трговија со тутун. Исто беше и лани, а тогаш тутунот некому му донесе месечна бруто плата од 166.000 евра, или годишно од два милиони евра.
Дали е истиот и кое е името на милионерот, е даночна тајна, но факт е дека тој од својата годишна плата може да си купи авион (ако веќе го нема) и пак да му останат пари убаво да си живее. За војла на вистината, спортско авионче може да си купи и со една месечна плата, но за поголем „залак“ ќе треба да работи повеќе месеци, покажува платформата за трговија со спортски авиони Trade –A- plane https://www.trade-a-plane.com/search?s-type=aircraft&featured=t .
Порталот „Пари“ открива колкави пари се вртат во трговијата со тутун. Сепак, напоменуваме, иако на некои од компаниите тоа им е претежна дејност, таа не им е и единствена.
Според податоците добиени од платформата БизнисМрежа.мк во 5 најголеми компани се реализрани 272,9 милиони евра промет, а вкупната добивка им била дури 10,4 милиони евра.
Она што особено паѓа в очи е малата добивка на „Прима мк“ во однос на реализираниот промет. Со промет од 44 милиони евра таму е релизирана добивка од нецели 35.000 евра. Со малку помал промет од 40,5 милиони евра, пак, „Филип Морис“ Тутунски комбинат – Прилеп направил добивка од 7,4 милиони евра. Тоа е најголемата добивка во друштвото на овие компании.
ПРИМА.МК е дел од интернационалната корпорација ПРИМА ГРУП,
специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи. Таа во 2022 година имала 77 вработени.
ЕКСПАНДА во 2014 година потпиша договор со ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП, но компанијата дистрибуира и производи на телекомуникациската А1, а има договор и со „Ред бул“, како и со Државната лотарија. Комапнијата има 147 вработени.
ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје има производен погон за цигари, но има и дејност трговија со производи од тутун. Во 2022 година компанијта имала 42 вработени.
СОКОТАБ БИТОЛА се смета за светски лидер во откуп и преработка на ориентален тутун. Лани имал, во просек, 283 вработени.
ТДР СКОПЈЕ е дел од фамилијата „Бритиш Американ тобако“ и овде има само 10 вработени.
Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/koj-od-cigari-moze-da-si-kupi-avion-so-godisnata-plata/