Во Газа се уште има повеќе од 20.000 ранети, тврдат „Лекари без граници“

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 20.000 ранети остануваат во Појасот Газа, објавија Лекари без граници (MSF), и покрај првите евакуации на палестински пациенти, странци и двојни државјани во Египет.

Loading...

„Повеќе од 20.000 ранети остануваат во Газа, каде што нивниот пристап до здравствена заштита е ограничен поради блокадата и континуираното бомбардирање“ од страна на израелската армија, се вели во соопштението на хуманитарната организација во средата.

Лекари без граници, кои додаваат дека 22 од нивните меѓународни вработени ја напуштиле Газа преку граничниот премин Рафах, побарале евакуација на поголем број луѓе од палестинската територија.

„На оние кои сакаат да ја напуштат Газа мора да им се дозволи да го сторат тоа без да чекаат и без да им се ускрати правото да се вратат во Газа подоцна“, велат Лекари без граници, кои повикуваат на „итен прекин на огнот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел предлага да се прекине дијалогот со Израел

Според египетски функционер, 76 ранети Палестинци и 335 странци и двојни државјани ја напуштиле Газа во средата, во првата операција за евакуација од почетокот на Хамас-израелската војна на 7 октомври.

ОН и невладините предупредуваат на катастрофалната хуманитарна состојба на малата палестинска територија со 2,4 милиони жители.