Шиитските бунтовници во Јемен официјално му објавија војна на Израел, пренесуваат медиумите повикувајќи се на изјавата на бригадниот генерал Јахја Сари, портпарол на шиитското движење Ансар Алах (Хути).
„Поради чувство на верска, морална, хуманитарна и национална одговорност, Јемен одлучи да им помогне на луѓето од Појасот Газа“, изјави портпаролот на јеменската армија.
„Нашите вооружени сили лансираа голема серија балистички и крстаречки ракети, како и голем број беспилотни летала на различни непријателски цели лоцирани на териториите окупирани од Израел“, рече претставникот на движењето.
Сарија, исто така, тврди дека лансирањето на ракети и беспилотни летала е „третата операција спроведена за поддршка на угнетените браќа во Палестина“.
Според него, Хутите „ќе продолжат да лансираат повеќе висококвалитетни ракетни и беспилотни напади додека не престане израелската агресија“.
Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари рече дека израелската војска гледа обиди на сојузниците на Иран во Јемен да го насочат вниманието, кое сега е целосно фокусирано на операцијата во Појасот Газа.
„Има многу ирански сателити во регионот, на пример во Јемен, и тие сакаат да нè одвлечат од војната во Газа, но ние сме фокусирани на нашите борбени операции во областа Газа, ќе се браниме секаде каде што е потребно“, рече Хагари. , пренесува Спутник.