Хамас ги повика сите во Газа да го предадат расположливото гориво на болниците

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство во Газа, кое го водат милитантите на Хамас, денеска ги повика „секој што има било каква количина гориво да го достави до здравствениот комплекс Ал Шифа и индонезиската болница“.

Loading...

Ал-Шифа, во градот Газа, е најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа, додека индонезиската болница се наоѓа на север од енклавата, која е под силно израелско бомбардирање, пренесува Ал Џезира.

Во вторникот, директорот на индонезиската болница изјави за Ал Џезира дека објектот може да биде затворен во рок од 24 часа поради недостиг на гориво, бидејќи Израел воведе целосна опсада на Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  HRW предупредува дека присилното раселување на населението од Газа е воено злосторство

Тој рече дека болницата работи во тешки услови и надвор од своите капацитети и дека само вчера попладне примила повеќе од 400 повредени во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија, пренесува Танјуг.