За еден ден Израел граѓаше 300 цели во Газа!

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска соопшти дека нејзините сили убиле „многу“ членови на исламската екстремистичка група Хамас во копнените операции во Појасот Газа во изминатиот ден и дека погодиле околу 300 цели.

Loading...

Тие цели биле погодени од копнени, воздушни и поморски сили, вклучително и водени противтенковски ракети и позиции за лансирање ракети, влезови во тунели и воени инсталации на Хамас, се вели во соопштението.

За време на копнените операции војниците се судрија со „терористичка ќелија“ која истрела ракети и гаѓаше кон израелските сили со автоматско оружје, јавуваат израелските медиуми.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека членовите на ќелијата биле убиени и дека воздухопловните сили биле насочени да извршат напади среде конфликтот.

Во соопштението на војската не се споменуваат можни жртви на израелска страна.

„Њујорк тајмс“ пишува дека војниците во понеделникот го опколиле главниот град на Појасот Газа од север и југ, но дека повеќето сили се надвор од него.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека израелската армија систематски напредува во Појасот Газа и отфрли секаква можност за прекин на огнот во војната против Хамас што го бараат хуманитарните организации, предупредувајќи на катастрофалната ситуација на палестинската територија.

Како што изјави израелскиот лидер, започна „третата фаза“ од воената операција, пренесе Франс прес.

Loading...

Воениот портпарол Јонатан Конрикус утринава потврди дека „израелските војници се во различни делови на северниот дел на Појасот Газа“.

„Донесовме тешки оклопни возила, тенкови, оклопни борбени возила, булдожери“, рече портпаролот, додавајќи дека разбира дека хуманитарната ситуација е тешка, но изјави дека тоа не е вина на Израел.