Железничка несреќа во Индија, најмалку 13 загинати и 50 повредени

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица загинаа, а околу 50 се повредени откако патнички воз се судри синоќа во индиската сојузна држава Андра Прадеш, јави Би-Би-Си.

Loading...

Причина за несреќата е човечка грешка

Властите соопштија дека прелиминарната истрага покажала дека несреќата во областа Визијанагарам се должи на човечка грешка.

Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство и рече дека е во контакт со министерот за железници.

Официјални лица соопштија дека три вагони од патничкиот воз, на релација Висахапатнам – Паласа, излетале од шините околу 19 часот по локално време, откако се судриле со друг воз.

Возот застана на шините поради кинење на надземен кабел кога друг патнички воз што сообраќал на релација Висахапатнам – Рајагадеа налетал во него од задната страна, изјави претставник на железницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Стотици амбулантни возила, лекари, медицински сестри и спасувачки персонал беа испратени на местото на настанот за да ги спасат патниците и да ги извлечат телата.

Бисвајт Саху, шеф за односи со јавноста на железницата на источниот брег, рече дека судирот бил предизвикан од човечка грешка.

Тој додаде дека 33 воза биле прекинати, а други 22 биле пренасочени по несреќата.

Loading...

Претставниците на железницата очекуваат пругата да се расчисти за да продолжи сообраќајот. Индија има една од најголемите железнички мрежи во светот, која ја користат милиони патници секој ден, но голем дел од железничката инфраструктура треба да се подобри.