Германката со чие тело се изживуваа членовите на Хамас е мртва

Сподели со своите пријатели

Шани Лук (22) беше меѓу стотиците посетители на музичкиот фестивал „Супернова Суккот“ во близина на Кибуц Реим, кога Хамас изврши голем напад врз Израел на 7 октомври.

Loading...

Терористи од Хамас, но и од други паравоени групи од Појасот Газа го „нападнаа“ фестивалот и таму убија повеќе од 250 луѓе.

За жал, семејството на Шани Лук сега потврди дека таа е меѓу убиените …

– За жал, ја добивме веста дека Шани повеќе не е жива – рекла нејзината мајка Рикарда, пишува Билд.

Вознемирувачка снимка го покажува нејзиното неподвижно полуголо тело во позадина на камион и вооружени мажи кои парадираат со него и го слават масакрот…

Но, семејството и покрај снимките не изгуби надеж. Кога Хамас ослободи неколку заложници, се надеваа дека можеби е уште жива, дека ќе ја ослободат и неа…

Сега нивните надежи се згаснати.

Преку социјалните мрежи од Шани се прости и нејзината сестра Ади.

Loading...

– Со голема тага ви пишувам дека Шани повеќе не е жива – напиша таа.

Вкупно, над 1.400 луѓе беа убиени во нападот врз Израел на 7 октомври.

После тоа, Израел започна бомбардирање на Појасот Газа, нивните тенкови влегоа во Газа, а палестинското Министерство за здравство, со кое раководи Хамас, тврди дека во последните три и пол недели во израелските напади загинале повеќе од 8.000 луѓе.

Хамас во заробеништво, објави израелската армија, држи повеќе од 210 луѓе.