Израелската армија тврди дека убила десетици членови на Хамас во Газа

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска соопшти дека нејзините сили убиле десетици борци на Хамас за време на ноќните борби во Газа.

Loading...

Појасот Газа е под израелско бомбардирање поради нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинското исламистичко движење Хамас.

И Хамас објави „интензивни борби“ во северниот дел на Појасот Газа трета ноќ по ред, додека Израел ги засили и ги прошири копнените операции со војници и тенкови.

Израелската армија соопшти дека нејзините војници убиле „десетици терористи кои се забарикадирале во згради и тунели“ и кои „се обиделе да ги нападнат“.

„Цел на еден авион беше зграда во која се наоѓаа „повеќе од 20 терористи на Хамас“, се додава во соопштението.

Друг авион го бомбардираше местото за лансирање на противтенковски ракети во секторот на Универзитетот Ал Азхар.

Универзитетот Ал Азхар се наоѓа во центарот на градот Газа и е цел на израелски напади од 7 октомври и упадите на Хамас на израелска територија.

Израелската армија исто така наведе дека во последните денови извршила напади врз „повеќе од 600 терористички цели“, вклучително и складишта за оружје.

Loading...