Шеесет и тригодишна кумановка и нејзината сосетка се најнови жртви во серијата измами со продажба на огревно дрво.
– На 28.10.2023 во 15.00 часот во СВР Куманово, 63-годишн ажена од кумановско село пријавила дека таа и нејзина сосетка биле измамени од едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето дошло во дворот на нејзината сосетка и им понудило огревни дрва, по што двете му дале вкупно околу 8000 денари.
Како што е пријавено, лицето ги зело парите и заминало, но не се вратило, по што сфатиле дека биле измамени.
Ова е зачестена појава во текот на изминатите години, приказната е секогаш иста, а жртвите се претежно повозрасни луѓе.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски