Хорор во Германија: Тинејџер избодел седумгодишно дете, момчето починало

Сподели со своите пријатели

Седумгодишно момче почина откако наводно било избодено со нож од 14-годишник во Германија.

Loading...

Нападот се случил во четвртокот во болницата во Рагенсбург, а малото момче вчераутро им подлегнало на повредите.

Според полицијата, седумгодишно момче и маж (63) биле избодени со нож во ходникот на болницата, на одделот за психијатрија за деца и адолесценти.

Се сомнева дека нападот го извршило 14-годишно момче, а се сомневаат дека имало екстремистички нагони.

Момчето по нападот било сместено во психијатриска установа.