Залутан проектил погоди болница во Египет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, шест лица се повредени откако проектил ја погодил локалната болница во раните утрински часови, јави египетската телевизија Ал Каиро.

Loading...

Според нивното известување, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој е оддалечен 220 километри, каде израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија, но не се знае која од завојуваните страни ја испукала.

Сведокот раскажа како ја слушнал експлозијата и видел како се крева чад и прашина.

Израелската армија соопшти дека знаела за безбедносен инцидент во египетско одморалиште во близина на границата.