Во израелските напади синоќа во Газа загинаа десетици цивили

Сподели со своите пријатели

Десетици палестински цивили, меѓу кои и деца, загинаа, а многу други се повредени во вечерашните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, јавува палестинската агенција Вафа.

Loading...

Според извештаите, израелски авиони извршиле серија воздушни напади врз станбени области во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, а во тие напади биле убиени десет цивили, меѓу кои и еден новинар, а неколку луѓе биле повредени.

Мета на израелските воздушни напади била и џамија во градот Газа, каде што има и жртви, според Вафа.

Агенцијата наведува дека најмалку четворица цивили се убиени во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Кан Јунис, пренесува Танјуг.

Според агенцијата Вафа, од почетокот на конфликтот меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел на 7 октомври, повеќе од 7.000 цивили загинале во Појасот Газа, меѓу кои околу 3.000 деца и 2.000 жени.

Покрај тоа, повеќе од 18.500 луѓе се повредени, а речиси 2.000 луѓе се сметаат за исчезнати под урнатините низ Појасот Газа.