Бројката на присутните бегалци и економски мигранти во Транзитниот центар Табановце се уште го надминува расположивиот капацитет, јавува Регионалниот центар за управување со кризи, со регистрирани вкупно 483 бегалци од Авганистан , 386 бегалци од Сирија, 92 од Ирак, како и шестмина економски мигранти од Мароко, двајца од Еритрерија, едно лице од Тунис и Либија, 21 од Иран, 11 од Алжир и 7 економски мигранти од Пакистан.
Според податоците на РЦУК, на граничниот камен со Србија, бројката на бегалците кои повеќе од десет дена се сместени во шатори изнесува 339 лица.
Во меѓувреме, во ТЦ Табановце се регистрирани уште два нови случаи на појава на кожната болест шуга, со што вкупната бројка на заболени лица се искачи на осум случаи.
Во центарот во текот на вчерашниот ден се дезинфицирани и дезинсекцирани осум корпи со ќебиња и истите се изнесени и уништени од страна на ЈП Чистота и зеленило.
Транзитниот центар во меѓувреме ќе добие уште една нова барака со женски и машки тоалети, како и уредување на административниот дел со поставување на контејнерите на бетонска подлога и воведување на електрична енергија.
Loading...