Што се случува во Украина, додека вниманието се свртува кон Израел?

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата на Блискиот Исток е доведена до точка на вриење со војната меѓу Израел и Хамас.

Loading...

Други земји, како и терористичките организации како Хезболах, речиси секојдневно се закануваат директно да влезат во конфликтот, што би довело до голема војна во овој регион.

Токму поради ова, вестите од воените фронтови во Украина остануваат незабележани.

Ова е пресек на најважните информации што треба да ги знаете за војната меѓу Русија и Украина.

Здравјето на Путин

Најпрво, во изминатите неколку дена повторно се водеше полемика за здравјето на рускиот претседател Владимир Путин.

Иако ваквите гласини кружат со години, особено од почетокот на руската инвазија на Украина, оваа недела тие значително се засилија.

Така, на каналите на Телеграм се појави информација дека припадник на обезбедувањето го нашол Путин стуткан на подот во спалната соба.

Првата вест за лошата здравствена состојба на Путин се појави на телеграмскиот канал General SVR.

Loading...

Во исто време, британските таблоиди објавија непроверена информација дека претседателот на Русија доживеал срцев удар.

Најчесто во вакви ситуации се споменува дека користи двојки, што никогаш не е потврдено.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

Меѓутоа, експертите претходно анализираа некои фотографии и снимки и заклучија дека на нив не се гледа Путин, туку личност која е идентична со него.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, овојпат мораше да ја објави здравствената состојба на претседателот.

„Сè е во ред со него, ова е само уште една лажна вест“, изјави Песков, коментирајќи ги информациите од странските медиуми дека рускиот лидер наводно има „срцеви проблеми“, пренесува РИА Новости.

Песков ги нарече тврдењата дека Путин има гајлеџии апсурдни и лажни. Според него, ваквите лажни вести не можат да предизвикаат ништо друго освен насмевка.

Русите ја нападнаа нуклеарната централа Хмелницки

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека во нападот на руските беспилотни летала во регионот Хмелницки, најверојатно цел била областа на истоимената нуклеарна централа.

„Најверојатно цел на овие напади е нуклеарната централа Хмелницки. Од силината на експлозијата се затресоа прозорците, вклучително и просториите на нуклеарната централа“, рече Зеленски.

Loading...

Според него, секој руски напад, особено оној што се осмелува да ги таргетира нуклеарната централа и другите клучни објекти, е доказ дека притисокот врз Русија е недоволен.

Силните експлозии во близина на реонот на нуклеарната централа „Хмелницки“ ги оштетија прозорците, но не влијаеја на работата на централата или нејзиното напојување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

„Нѐ напаѓаат од сите страни“

Руските сили напаѓаат на речиси сите делови од фронтот, а во изминатите 24 часа најжестоки борби се водеа во правец на Маринка, каде украинските војници одбија повеќе од 20 напади, соопштија вооружените сили на Украина.

Украинските сили ги одбија руските напади во правец на Купјанск и продолжуваат со офанзивните операции јужно од Бахмут, јавува агенцијата Униан.

Руските војници не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдеевка, но украинските војници цврсто ја држат одбраната, се наведува во соопштението за печатот.

„Еден од најзначајните удари од почетокот на војната“

Рускиот пропагандист Илја Туманов на својот телеграмски канал „Fighterbomber“ потврди дека Украинците со помош на американски ракети ATACMS извршиле голем напад врз руската воздухопловна база недалеку од градот Бердјанск, кој моментално е под руска окупација.

„Големи загуби има и во работна сила и во опрема“, рече Туманов.

Нападот беше опишан од руски воени извори како „еден од најзначајните удари врз руските сили од почетокот на војната, ако не и најзначајниот“.

Loading...

Иако сè уште нема официјална потврда дека во нападот всушност биле користени ракети ATACMS, видео снимките јасно покажуваат континуиран оган и серија експлозии во воздухопловната база.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Покана на Украина за НАТО е единствениот начин да се запре војната

Локалните извори го потврдија нападот и велат дека на објектите е направена голема материјална штета.

Испорака на ATACMS

Минатата недела Америка тајно и го достави на Украина ракетниот систем ATACMS. Украина со месеци бара ракетен систем.

Сè уште не е јасно кога е испорачано оружјето или кога е донесена одлука за негово доставување.

Со дострел од 160 километри, моќните ракети најверојатно ќе го нарушат руското позиционирање, а повеќето аналитичари предвидуваат дека Москва ќе биде принудена да стационира воздушни средства подалеку, ограничувајќи го оперативниот капацитет, пишува Нова.рс.

Операција преку реката во Херсон

Исто така, имаше значителен пробив во Херсон. Според воените блогери, се чини дека украинските војници ја преминале реката Днепар во Херсонската област окупирана од Русија.

Loading...

Популарниот руски воен блогер ВарГонзо објави дека борбите на источниот брег на Днепар продолжиле во близина на крајбрежното село Кринки.

„Украинските трупи се обидуваат да добијат основа и да ги повлечат резервите со цел да ја развијат својата иницијатива на брегот на Днепар под контрола на руската армија.