Економијата на САД забрза во третиот квартал

Сподели со своите пријатели

Економијата на САД забрза во третиот квартал на квартална и годишна основа, врз основа на зголемената лична потрошувачка, покажаа првите проценки на Министерството за трговија.

Loading...

Американскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 1,2 отсто во периодот од јули до септември во однос на претходните три месеци кога порасна за 0,5 отсто, покажуваат податоците на Министерството.

Во однос на третиот квартал од минатата година, БДП порасна за 2,9 отсто, по растот од 2,4 отсто во периодот од април до јуни, пренесува Хина.

Годишната стапка на раст, која покажува колку БДП би пораснал пред една година доколку пораснел со истата квартална стапка како во последните три месеци, во третиот квартал изнесувала 4,9 отсто.

Во вториот квартал таа изнесуваше 2,1 отсто.

Личната потрошувачка, клучен столб на најголемата светска економија, порасна во третиот квартал за 2,4 отсто на годишна основа, што одразува значително повисоки потрошувачки трошоци за стоки. Во вториот квартал порасна за 1,8 отсто.

Државните трошоци пораснаа за 4,5 отсто, нешто посилно од претходниот квартал.

Бруто приватните инвестиции се стабилизираа по падот во пролетниот квартал, благодарение на значително поблагиот пад на издвојувањата за станбени недвижности и континуираните силни инвестиции на компаниите во деловни објекти.

Loading...

Извозот речиси стагнираше, откако во периодот од април до јуни порасна за 2,2 отсто.