Израел: Во последните 24 часа нападнавме 250 цели на Хамас (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Воени авиони на израелските одбранбени сили нападнаа повеќе од 250 цели на Хамас во Појасот Газа во изминатите 24 часа, изјави портпаролот на ИДФ, адмирал Даниел Хагари.

Loading...

Тој додаде дека биле нападнати оперативниот штаб, тунелите и ракетните фрлачи кои биле поставени во цивилна средина.

Да потсетиме, во текот на ноќта израелските копнени сили извршија и релативно голем упад во областа Газа, јавува Ројтерс, повикувајќи се на израелското воено радио.

Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.