Хамас повика на протести ширум светот

Сподели со своите пријатели

Палестинското милитантно движење Хамас, кое владее со Појасот Газа, повика на масовни протести во Израел, Западниот Брег и ширум муслиманскиот свет во петок и недела со барање за отворање на граничниот премин Рафах.

Loading...

„Ги повикуваме нашите луѓе дома и во странство, и сите припадници на арапските и исламските народи, како и слободните луѓе во светот, да ја интензивираат масовната мобилизација во наредните денови и активно да протестираат во петок и недела под слоганите „Отворено преминот Рафах“ и „Стоп за геноцидната војна во Газа“, се вели во соопштението на Хамас, пренесува Тајмс оф Израел.

Неколку хуманитарни конвои минаа во Појасот Газа преку преминот Рафа, кој е под контрола на Египет, но официјалните лица кои управуваат со испораките тврдат дека тоа во моментов не е ни блиску до потребите на палестинската енклава, пренесува Танјуг.