Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека сторил кражба од деловен објект во Куманово.
Loading...
– На 25.10.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.И. (26) од Куманово поради основано сомнение дека на 24.10.2023 влегол во деловен објект во Куманово и одзел повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при преглед на неговото возило биле пронајдени предметите и тие се вратени на сопственикот.
С.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски