Баталјон во кој доминираат жени убил 100 членови на Хамас

Сподели со своите пријатели

Жените војници дадоа силен придонес, спасија многу животи. Нивниот настап под притисок е доказ за нивните можности, изјави полковникот кој го предводи овој баталјон, кој го сочинуваат претежно дами…

Loading...

– Ќе ги елиминираме терористите. Во тек е инфилтрација во Израел. Се шири. Останете будни. Можеби ќе налетаме на нив – ова беа зборовите со кои полковникот Или Бен-Јехуда го испрати својот баталјон Каракал во битка со Хамас на 7 октомври.

И во таа битка, овој тим, претежно составен од дами, беше исклучително успешен, пишува The Jerusalem Post.

За време на одбраната на Израел тој ден, нејзината единица од само 12 лица „елиминирала“ околу 100 терористи, пренесува Business Insider…

Кога започна нападот на Хамас и другите паравоени групи врз Израел, Бен-Јехуда беше со нејзината единица во базата во Нахал Равив, на југот на Израел, недалеку од границата со Египет.

Во тој момент таа немаше поим за размерите на овој напад на Хамас…

Нејзиниот баталјон набрзо добил повик за помош и тргнал во акција.

„Не се сомневајте во жените“

Loading...

– Овде има повеќе терористи и тие се тешко вооружени – гласел повикот од полковникот Јонатан Цур, кој подоцна почина, за инфилтрациите во близина на Суфа и Нирим.

Пристигнувајќи на локацијата, таа сфатила дека воената база во Суфа е нападната.

Започнала пресметка со терористите, која траела четири часа. Вкупно 14 часа им биле потребни за да ја обезбедат базата, каде што биле опколени израелските војници.

Во еден момент, единицата од „само“ 12 лица се соочила со околу 50 членови на Хамас, но бројките не им помогнале на терористите.

Пресудни биле обуката, тренинзите, опремата…

Подоцна добиле помош од други единици и базата била „исчистена“, пишуваат Израелците.

– Жените војници дадоа силен придонес, спасија многу животи. Нивниот настап под притисок е доказ за нивните способности – рече полковникот, кој смета дека никој нема право да се сомнева во способноста на женските војници.

– Храбро се бореа, си ги спасија животите и од се излегоа како хероини – вели на крајот оваа дама.

Loading...

Потсетуваме дека во Израел воениот рок е задолжителен и за жените и за мажите, единствената разлика е што на жените им трае неколку месеци пократко…