МАСАКАР ВО САД: 22 лица убиени, 50 повредени, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе се ранети во престрелката во градот Луистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи во средата вечерта на две локации, јавуваат американските медиуми.

Loading...

Потрагата по напаѓачот е во тек.

Државната полиција на Мејн и канцеларијата на окружниот шериф објавија на мрежата Х, порано Твитер, дека пукањето се случило на повеќе локации во градот Луистон и ги повикаа жителите да се засолнат, да останат во своите домови и да ги заклучат вратите.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште едно масовно пукање во Америка: Повеќе луѓе се ранети во Чикаго

Тие објавија дека трагаат по 40-годишниот Роберт Кард, кој важи за „вооружен и опасен“.

Полициската управа во Луистон објави три фотографии од осомничениот, кој е вооружен со полуавтоматска пушка, како и фотографија од бело возило, барајќи од јавноста да помогне во идентификувањето и лоцирањето на осомничениот.

Loading...

Неговиот автомобил бил пронајден во гратчето Лизбон.

„Полицијата се обидува да го лоцира Роберт Кард, роден на 4 април 1983 година, во врска со масовното пукање во барот „Schemengees” и „Sparetime Recreation” оваа вечер. Ве молиме контактирајте ја полицијата ако знаете каде се наоѓа”, соопшти полицијата.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто баш сега Америка престана да испраќа оружје во Украина?

Кард работел како инструктор за огнено оружје и тренирала во резервниот центар на американската армија во Мејн.

Наводно, Кард неодамна имал проблеми со менталното здравје што го ставиле во болница ова лето.

Медиумите јавуваат и дека тој неодамна останал без работа.

Loading...