Израел ноќва со тенкови влезе во Газа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелските копнени сили извршија релативно голем упад во Појасот Газа во текот на ноќта, јавува Ројтерс, повикувајќи се на израелското воено радио.

Loading...

Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.

Израелските одбранбени сили (IDF) го потврдија нападот во северниот дел на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од битката, пишува Index.hr.

„Тенкови и пешадија на ИДФ нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. Војската се врати на територијата на Израел по нападот“, објави ИДФ на социјалните мрежи и прикачи видео од копнената операција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го претвори пејџерот во современ тројански коњ

 

 

Најголем упад на израелските сили во палестинската енклава

Воените видеа покажуваат оклопни воени возила како ја преминуваат песочната гранична зона, булдожер кој израмнува дел од насипот, тенкови пукаат гранати и експлозии во близина или среде оштетените згради.

Loading...

Израел започна целни упади во Појасот Газа во неделата, бидејќи војната, која започна со масакрот од страна на Хамас на 7 октомври, влезе во третата недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Погледнете како изгледал Бејрут во моментот на експлозијата на пејџери (ВИДЕО)

Ова е досега најголемиот упад на израелските сили во палестинската енклава.

Хамас се уште не ја коментирал последната израелска воена акција.