Седум случаи на грип изминатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седум случаи на грип изминатата недела биле регистрирани во Куманово, информираат денеска во извештајот од Институтот за јавно здравје.

Loading...

На ниво на државата во текот на минатата недела (16.10 до 22.10.2023 година) биле регистрирани вкупно 151 случај.

Најголем дел од заболените се регистрирани во Дебар – 34, па следува Куманово со седум случаи, Гостивар со четири, Радовиш – 3, Прилеп и Скопје – по 2 и Струмица со еден случај.

Во однос на возраста, од 5-14 години регистрирани се 23 лица, од 15-64 – 20 и од 0-4 години – 10 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Kумановец затекнат додека палел сува трева. Полицијата го уапсила!

Во истиот период биле регистрирани и тројца позитивни на Ковид-19.

Вакцинацијата против грип е најефикасната заштита

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, велат од Институтот за јавно здравје.

ИЈЗ препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи, односно постари од 65 години, деца од шест до 59 месеци, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население.

Loading...

Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одбиено обвинението против Димитриевски за „злоупотреба на службена положба“

На 25.10.2023 година започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици и/или Здравствените домови.

Вакцинацијата на здравствените работници ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.

Дополнителни 4.500 дози комерцијални вакцини се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи, истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици.

Никола Ивановски