Израел ќе одбие да им издава визи на претставници на ОН, изјави амбасадорот на земјата во ОН Гилад Ердан, пренесоа израелските медиуми.
Loading...
Оваа одлука уследи откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш индиректно го критикуваше Израел дека наредил евакуација на цивили од северот кон југот на Појасот Газа и рече дека нападот на Хамас на 7 октомври не се случил „во вакуум“.
„Поради неговите забелешки [шефот на ОН Гутереш], ќе одбиеме да им издаваме визи на претставниците на ОН“, изјави Ердан за Военото радио.
„Веќе одбивме виза за заменик генералниот секретар за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс. Дојде време да ги научиме на мудрост“, пренесува Ал Џезира.