На автопатот А2 кај Билефелд во Германија вчера вечерта се случила сообраќајна незгода во која учествувале 15 возила.
Како што пренесува германски Билд, автопатот е „поле со шут“.
Пожарникарите известија дека околу 18:15 часот меѓу крстосницата од Билефелд и Гутерслох се судриле вкупно 15 возила.
Најмалку осум лица се повредени, а една жена остана заробена во својот автомобил и морала да биде извлечена. Нејзините повреди се опасни по живот.
Уште три лица се тешко повредени, а четворица се полесно повредени.
Спасувачки хеликоптер слета во близина на местото на несреќата.
Полицијата во моментов се сомнева дека причина за несреќата била слабата видливост поради обилните врнежи од дожд и слабото заоѓање на сонцето.
Спасувачите од Билефелд и Гутерсло се упатиле на местото на несреќата, а патот бил целосно затворен до 1 часот по полноќ.
Сообраќајот беше пренасочен на раскрсницата Билефелд преку А 33 и А 44, а во правец на Дортмунд се создаде сообраќаен метеж долг седум километри.