Центарот за гранични работи Север поднесе четири кривични пријави за фалсификување исправи

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи Север во одделни случаеви поднесе кривични пријави против четири лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на месеците февруари и март пријавените на на ГП „Табановце“ при пасошка контрола приложиле фалсификувани албански патни исправи во која имало извршено механички корекции страни на кои имало издадена забрана за патување во земјите од ЕУ.