Хамас ослободи две повозрасни израелски заложнички

Сподели со своите пријатели

Две израелски жени кои беа приведени и држени како заложници од милитантното палестинско движење Хамас се ослободени од Појасот Газа, потврдија од кабинетот на израелскиот премиер и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Loading...

Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас објави дека ослободило две киднапирани жени, пренесува Индекс.

– Две постари Израелки кои беа ослободени од палестинската исламистичка група Хамас и се предадени на израелската армија и се на пат кон медицинска установа во Израел, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.

Кои се двете ослободени жени?

Во соопштението се наведува дека двете жени, Нурит Купер (79) и Јохевед Лифшиц (85), биле киднапирани заедно со нивните сопрузи од Кибуц Нир Оз, во близина на границата со Газа.

Нивните сопрузи се уште ги држи Хамас, објави Ројтерс.

„Го олеснивме ослободувањето на уште двајца заложници, превезувајќи ги од Газа оваа вечер“, рече портпаролот на МКЦК Крис Хангер, пренесе Дпа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како се вршеа операциите со воки-токи и пејџери: „Доволно се неколку грама експлозив“

„Нашата улога како неутрален посредник ја овозможува оваа работа и сме подготвени да го олесниме секое идно ослободување“, рече тој.

 

Loading...

 

Најмалку 222 заложници беа земени кога напаѓачите од исламистичката група, која ја контролира Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври.

Двајца американски државјани кои Хамас ги држеше како заложници беа ослободени во петокот.

Претходно локалните медиуми објавија за можното неизбежно ослободување на 50 заложници од Газа.

Израел му се заблагодари на Египет

Израелската влада им се заблагодари на Египет и на Меѓународниот Црвен крст за нивниот придонес во ослободувањето на двете Израелки, на возраст од 79 и 85 години, кои беа заложници на Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен атентат на Нетанјаху: Иран регрутирал Израелец да го убие премиерот и другите функционери?

„Му благодариме на Египет за помошта и на Црвениот крст за нивната важна улога во спасувањето животи“, се вели во објавата на канцеларијата на Нетанјаху на платформата на социјалната мрежа Х.

Канцеларијата соопшти дека војската, исто така, била „многу активна во последните денови, на сите канали“ за да обезбеди ослободување на заложниците.

Loading...

Жените претходно беа ослободени од Хамас, кој владее со Појасот Газа, а Египет и Катар посредуваа во ослободувањето, според исламистичката палестинска организација.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека презел две жени од палестинска територија. Тие влегле во Египет преку граничниот премин Рафах.

Се огласи ќерката на една од ослободените Израелки

Ќерката на Јохведа Лифшиц, Шерон Лифшиц даде изјава за Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел изврши воздушни напади врз јужен Либан

„Можам да потврдам дека мајка ми Јочи Лифшиц беше една од двајцата заложници кои вечерва ги ослободи Црвениот крст. Тие пред кратко време беа предадени на Црвениот крст на преминот Рафа, од каде наскоро ќе бидат префрлени во Израел. Иако не можам со зборови да го изразам олеснувањето дека таа сега е безбедна, ќе останам фокусирана на ослободувањето на татко ми и на сите оние, околу 200 невини луѓе, кои останаа заложници во Газа“, рече таа.

Одед Лифшиц, сопругот на Јохведа и татко на Шароне, е ветеран израелски новинар и мировен активист кој беше заробен од Хамас со неговата сопруга.

Хамас во петокот ослободи две Американки

Вооруженото крило ослободи две Американки во петокот, речиси две недели откако вооружени лица на Хамас ги киднапираа и десетици други во близина на Газа.

Во петокот Хамас ги ослободи Американците Натали и Џудит Раанан.