Драма во Русија: Авион излета од писта!

Сподели со своите пријатели

Авионот на руската авиокомпанија Смартавиа излетал од пистата при слетување на аеродромот во Перм, нема повредени.

– Летот 5H 583 на авиокомпанијата Смартавиа од Санкт Петербург при слетување на аеродромот во Перм се излизгал од пистата. Во моментов аеродромот Бољшој Савино е затворен за прием и полетување на авиони – се наведува во соопштението.

Како што е прецизирано, во инцидентот нема повредени, а во авионот имало 186 патници и 6 членови на екипажот.