Неделна прогноза за Куманово: Ќе продолжат ли пролетните температури?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу девет степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 26 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со остри предмети им се заканувал на своите родители

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

Среда носи претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 12 до максимални 24 степени целзиусови.

Сончево до умерено облачно ќе биде времето во четврток кога ќе имаме и слаб до умерен јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум до 22 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој се заканувал на своето семејство

 

Loading...

 

Претежно сончево време со малку сонце ќе имаме во петок. Ќе дува умерен до засилен ветер од југ и угостиок. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 21 степен целзиусов.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Утринската температура ќе се движи околу деветиот степен, а дневниот максимум до 23 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во недела, сончево со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 23 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе стане ли кумановец градоначалник на Цирих?

 

 

Слично време ќе се заджи и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски