Рафа – единствениот премин преку кој хуманитарната помош може да стигне до Газа

Сподели со своите пријатели

Граничниот премин Рафа е најјужниот излез од Појасот Газа и се граничи со египетскиот Синајски Полуостров.

Loading...

Покрај него, има само два гранични премини од и кон Појасот Газа – Ерез, преминот меѓу Израел и северна Газа и Керем Шало, граничен премин со Израел во јужна Газа кој се користи исклучиво за транспорт на стоки, јавува Би-Би-Си и додава дека и двете се затворени.

Рафах сега е единствениот премин преку кој хуманитарната помош може да стигне до Газа, а десетици камиони со гориво и хуманитарна стока се паркирани во Египет и чекаат да се отвори преминот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проблеми во рајот? Трамп сподели видео „Нетанјаху е кучкин син“

Египетските медиуми објавија дека Рафа денеска ќе биде отворен неколку часа, но Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани официјални лица, објави дека преминот ќе остане затворен.

Извршниот директор на Египетската банка за храна Али Мохсен Сархан денеска изјави дека секоја минута бомби паѓаат на граничниот премин Рафах.

„Она што не спречува да влеземе е израелското бомбардирање. Осум дена сме стационирани на границата и секоја минута паѓаат бомби“, изјави тој за Би-Би-Си.

Медиумите претходно објавија дека денеска од Египет се планира да влезат 20 камиони во Газа, првпат од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, пренесува Танјуг.

Кабинетот на израелскиот премиер во средата објави дека Израел нема да ја спречи испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа од Египет, се додека тоа е само храна, вода и лекови за цивилното население и додека помошта не заврши во рацете на Хамас.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Франциско ги критикуваше израелските воени акции во Газа, ја нарече ситуацијата „срамна“