„Им порачуваме на Американците и нивните израелски пријатели – денеска испраќате ракети кои убиваат невини цивили.“
Пред два дена, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека „геноцидот“ врз Палестинците во Појасот Газа мора „веднаш“ да престане.
Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас поддржано од Техеран, кое владее со Газа, откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.300 луѓе, главно цивили, во најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на земјата.
„Никој не може да им се спротивстави на муслиманите и силите на отпорот ако продолжат злосторствата на ционистичкиот режим против Палестинците… бомбардирањето на Газа мора веднаш да престане“, изјави Хамнеи пред група студенти во Техеран.
„Светот е сведок на геноцидот на ционистичкиот режим врз Палестинците во Газа“, рече тој меѓу извиците „Смрт за Израел“.
„Мораме да одговориме“
„Мораме да одговориме, мора да реагираме на она што се случува во Газа“, рече Хамнеи, додавајќи дека на израелските функционери треба да им се суди за нивните „злосторства против Палестинците во Газа“.
Израел го бомбардираше Појасот Газа во воздушни напади во кои загинаа повеќе од 3.000 Палестинци, од кои четвртина деца, а приближно половина од 2,3 милиони жители на Газа беа принудени да ги напуштат своите домови.
Израелските власти воведоа целосна блокада на енклавата, блокирајќи ја храната, горивото и медицинските резерви, кои брзо се при крај.
„Израел ќе се соочи со уште еден шокантен бран на отпор доколку неговите „ѕверства“ не престанат во Газа, иранските државни медиуми го цитираат заменик-командантот на иранската револуционерна гарда. Ударите на фронтот на отпорот против ционистичкиот режим (Израел) ќе продолжат се додека овој канцероген тумор не биде искорен од светската мапа“, рече Али Фадави.
„Уште еден шок бран е на пат доколку Израел не стави крај на злосторствата во Газа“, предупреди тој.