Лавров: Постои прилично висок ризик палестинско-израелскиот конфликт да се претвори во регионален

Сподели со своите пријатели

Ризикот палестинско-израелскиот конфликт да прерасне во регионален е доста голем, а Русија ги смета обидите да се обвини Иран за се за провокативни, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

„Што се однесува до Појасот Газа, ризикот оваа криза да ескалира во конфликт во целиот регион е доста сериозен“, изјави Лавров на новинарите во Пјонгјанг за време на неговата посета на Северна Кореја, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија оцени дека иранското раководство зазема прилично одговорна, избалансирана позиција и повикува да се спречи ширењето на овој конфликт во целиот регион и соседните земји.

„Ги набљудуваме обидите да се обвини Иран за сè и ги сметаме за доста провокативни“, рече Лавров.

Во авторски текст за рускиот дневен весник „Известија“, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев оценува дека израелско-палестинскиот конфликт може да прерасне во регионален конфликт од големи размери, па дури и во глобална војна.