14 литри дожд вчера во Куманово, следува раст на температурите

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет литри дожд вчера наврнале на квадратен метар во Куманово, информираат утринава од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура измерена утринава во кумановско изнесувала само девет степени.

Како што информираат од УХМР, времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу осум степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 18 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува невреме. Температурите остануваат екстремно високи

 

 

Од утре се очекува постепен и благ пораст на температурите.

Никола Ивановски