На споменикот Зебрњак на 22ри октомври во 12 часот ќе одбележат 111 години од Кумановската битка.
Настанот е во организација на Комитетот за негување на традициите од ослободителните војни на Србија при Владата на Србија, Министерството за труд, боречки и социјални права на Србија, Српската заедница во Македонија и Српскиот културен центар – Скопје, а под под покровителство на Министерството за надворешни работи на Србија, Дирекцијата за дијаспора и Срби во регионот и кабинетот на министерот без ресор, задолжен за координација на активностите и мерките од областа на односите меѓу Република Србија и дијаспората и Србите во регионот.
Битката кај Куманово претставува прв поголем вооружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска на 23 и 24 октомври 1912 година.
Никола Ивановски