Израел тврди дека 600.000 цивили се евакуирани од Газа

Сподели со своите пријатели

Околу 600.000 жители на Газа го напуштија подрачјето на тој град, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили, потполковник Џонатан Конрикус и потврди дека во градот се уште остануваат околу 100.000 луѓе.

Loading...

Минатиот петок израелската армија им препорача на граѓаните во Појасот Газа да се евакуираат пред почетокот на „засилените воени операции“.

Конрикус рече дека копнените воени операции ќе започнат „кога ќе биде вистинскиот момент“, според лондонски Гардијан.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) соопшти дека 170.000 луѓе биле засолнети во просториите на организацијата во северниот дел на Газа по издаденото израелско воено предупредување, но дека тие не можат да бидат евакуирани и не се знае каде се наоѓаат. сега.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен атентат на Нетанјаху: Иран регрутирал Израелец да го убие премиерот и другите функционери?

Повеќе од 40.000 луѓе се собраа околу болницата Ал-Шифа во градот Газа и околните улици, надевајќи се дека ќе бидат безбедни од бомбардирањето.