Средношколци од Куманово се тепале на граничен премин

Сподели со своите пријатели

Шестмина средношколци од Куманово физички се пресметувале на Граничниот премин Долно Блаце, кои тргнале на пат со автобус.

Loading...

– На 11.10.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест малолетници (тројца од една страна и тројца од друга страна), сите ученици во исто средно училиште од Куманово, а кои патувале со автобус кон Приштина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без вода неколку локации во Куманово

Никола Ивановски