Секој член на Хамас е мртов човек, рече израелскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „секој член на Хамас е мртов човек“.

Loading...

– Се соочуваме со варвари, суров непријател кој е полош од ИСИС. Видовме момчиња врзани и девојчиња застрелани во глава. Мажи и жени беа запалени живи. Младите жени биле силувани и заклани. Борците се обезглавени – изјави Нетанјаху синоќа на прес-конференцијата на новоформираниот воен кабинет, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Министерот за одбрана Јоав Галан изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе биде „избришана од лицето на земјата“.

– Ќе го избришеме ова нешто наречено Хамас. Хамас – Исламската држава Газа – ќе биде збришан од лицето на земјата. Нема да продолжи да постои – рече Галан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го претвори пејџерот во современ тројански коњ

Тој го опиша нападот на Хамас како „најлошиот терористички напад што светот некогаш го видел“, наведувајќи дека тоа се „варварски дејствија што еврејскиот народ не ги претрпел од 1945 година“.

Во Израел вчера беше формирана влада на национално единство и воен кабинет, што го договорија премиерот Нетанјаху и лидерот на опозициското Национално единство Бени Ганц во седиштето на израелските одбранбени сили (ИДФ).