Тешко повреден пешак во Куманово, возачот избегал

Сподели со своите пријатели

Четириест и четиригодишен пешак бил тешко повреден во кумановската населба Перо Чичо, откако во него удрил мотор, чиј возач избегал.

Loading...

– На 10.10.2023 околу 19.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, мопед „априлиа“ удрил во пешакот Т.С.(44) од Куманово, по што го напуштил местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по несреќата, Т.С. бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Промоција на книгата „Координати на болката“ во Куманово

Никола Ивановски