Франција против суспензијата на помошта од ЕУ за палестинското население

Сподели со своите пријатели

Франција „не е за суспендирање на помошта од директна корист за палестинското население“, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Париз.

Loading...

За ова била информирана Европската комисија, пренесува Бета-Франс прес.

Соопштението дојде откако европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј вчера изјави дека Европската унија „веднаш ќе ги прекине сите плаќања“ во рамките на оваа развојна помош.

Европската комисија тогаш објави дека започнува „итна ревизија на помошта на Европската унија за Палестина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По повеќе од 100 години, Французите ќе можа да се капат во Сена