По повод големиот празник „11 Октомври“ утре во Куманово ќе се организираат голем број спортски настани.
Како што информираат од Општинскиот сојуз на спортови во спортската сала на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ по деветии пат ќе се одржи традиционален пингпонгарски турнир за млади надежи со почеток во 10:30 часот, а во организација на ППК Куманово.
На атлетската патека кај Соколана ќе се одржи традиционален меѓународен атлетски мигинт со почеток во 10:30 часот, а во организација на Атлетски клуб Куманово.
на булеварот „Октомвриска револуција“ пред спортската сала во 12:30 часот ќе започне велосипедската трка „Трофеј 11ти Октомври“ во организација на велосипедскиот клуб „Вело – М“. Претходно од 10:30 ќе биде организирана рекреативна трка за аматери.
Во организација на Аикико клуб Ататсу во просториите на клубот на улицата „Иво Лола Рибар“ 112, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи аикидо семинар.
Во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ од 11 часот ќе се одржи ракометен турнир во организација на МРК Куманово, каде четири екипи од Македонија ќе си ги одмерат силите.
Сите спортски настани се организираат со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови на град Куманово.
Никола Ивановски