Без струја голем дел од Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово од утринава се без електрична енергија информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Прекини во период од 07:30 до 13:30 часот се предвидени за улицата „Иво Лола Рибар“, м.в. „Стара Кланица“, населбата Перо Чичо, м.в. Багрем Бања, улица „Ѓуро Пуцар Стари“, „6-ти Април“, „30-ти Јули“, „Стево Филиповиќ“, дел од „Руѓер Бошковиќ“, дел од „Михајло Пупин“, „Благој Пецкалија“.

Во исто време целосни прекини на снабдување ќе има во населбите Ајдучка Чешма, Иго Тричковиќ, Карпош, вклучително и индустриските објекти.

Од РЦУК и ЕВН нема објаснување на што се должат овие најавени прекини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ се запалило во движење на булеварот „Октомвриска револуција“