Египет ги прекина летовите за Израел

Сподели со своите пријатели

Египетскиот национален авиопревозник Egyptair во понеделникот ги прекина летовите за Израел поради борбите меѓу Израел и Хамас во Газа, соопштија претставници на аеродромот во Каиро.

Loading...

Летовите меѓу Каиро и Тел Авив се суспендирани до понатамошно известување, изјавија двајцата официјални лица кои сакаа да останат анонимни.

Египет ер обично извршува дневни летови меѓу меѓународните аеродроми Каиро и Бен Гурион, недалеку од Тел Авив, според Асошиетед прес.

Многу авиопревозници ги прекинаа летовите до и од Израел по нападот на Хамас, кој владее со Газа, објавија израелските медиуми.