Над 190 возачи казнила полицијата викендов на подрачјето на Куманово поради прекршување на сообраќајните правила и прописи.
– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 191 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од казните, или квупно 138 биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
40 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли, додаваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски