Куќа изгоре во Доброшане: Голем број пожари вчера низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Голем број пожари на повеќе локации беснееле вчера низ Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во селото Доброшане изгореле семејна куќа и помошна просторија, при што е причинета поголема материјална штета. Пожарникарите интервенирале во период од 11:48 до 15:45 часот, а причините за избувнување на огнот засега не се познати.

Во атарот на селото Којнаре во период од 15:50 до 17:35 часот горела сува трева, при шти интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева горела и во атарот на селото Биљановце, каде во период од 16:50 до 18:35 на терен биле тројца пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги осуди инцидентите од прославата на Денот на албанското знаме

Во период од 16:55 до 19:10 часот гореле сува трева и хангари во селото Речица.

Во атарот на селото Речица вчера околу 17:25 часот избувнал пожар на запалена сува трева при што на терен излегле тројца пожарникари. Огнот го изнаснале околу 20:40 часот, но екипата се уште е на терен, според последните информации на РЦУК.

Сува трева горела и покај патниот правец Куманово – Граничен премин Табановце во близина на истоменото село. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 18:40 до 19:15 часот.

Сува трева горела и на локалитетот Пармакови ниви, во период од 19:30 до 20:10 часот.

Loading...

Пожари беснееле и во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец завшрил во болница со повреди здобиени додека работел

Во атарот на селото Кучкарево се запалила сува трева во близина на регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе. Таму во период од 18:10 па се до полноќ интервенирале тројца пожарникари.

На истата локација кај селото Кучкарево во текот на ноќта паднало опожарено дрво, при што околу 04:20 часот пожарникарите повторно излегле на терен. Успеале да го изгаснат огнот и да го отстранат дрвото од коловозот до шест часот утринава кога се вратиле во станицата.

Никола Ивановски