ТК „Тумба“ од Куманово беше домаќин на првенство за јуниори

Сподели со своите пријатели

Тенискиот клуб ” ТУМБА од Куманово овој викенд беше домаќин на Отвореното Првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 14 години.

Loading...

Кај јуниорите триумфираше членот на ТК Круна , Александар Грујиќ кој беше подобар во финалето од Иван Трпковски од ТК Чери.

 

 

Кај девојчињата најдобра беше Анастасија Арсовска од ТК Југ која во финалниот меч беше подобра од Лина Николовска исто така од тенискиот клуб “Југ” од Скопје .

Нашиот член Алексеј Стојановски го освои третото место откако својот настап го заврши во полуфиналето на турнирот.

Мечевите се одиграа на тениските терени кај Спортската сала во Куманово и поминаа во духот на фер- пленот и во одлична организација од страна на организаторот.

Loading...