Пронајдени 260 тела на местото на фестивалот во Израел

Сподели со своите пријатели

Најмалку 260 тела се пронајдени на местото на музички фестивал во Израел по нападот на Хамас, објави спасувачката организација Зака.

Loading...

Вооружени лица на Хамас застрелаа посетители кои бегаа и земаа некои заложници на фестивал во рурална земјоделска област во близина на границата Газа-Израел.

„Немавме каде да се скриеме“

Фестивалот беше само едно од местата погодени од најмоќниот и најкоординиран напад што некогаш бил извршен од Хамас на израелска територија.

Фестивалот на отворено требаше да биде целоноќна танцова забава, а се одржа на истиот ден со еврејскиот празник Сукот.

Утрото околу 6:30 се слушнале сирени и ракети, изјави Тал Гибли, еден од посетителите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како се вршеа операциите со воки-токи и пејџери: „Доволно се неколку грама експлозив“

Триесет минути подоцна, таа и стотици други присутни на фестивалот трчаа додека милитантите од Газа пукаа врз нив.

„Немавме ни каде да се сокриеме бидејќи бевме на отворено. Сите во паника почнаа да си ги земаат работите“, се сеќава таа.