,,Пари” дознава: Ќе се крене цената и на половните автомобили!

Сподели со своите пријатели

Следува уште една даночна промена – увезените половни возила ќе добијат повисока акциза, пишува pari.com.mk.

Loading...

Министерството за финансии работи на тоа, а веќе во вторник и Владата ќе го разгледува предлогот.

Претходно, во понеделник, министерот за финансии ќе има финални консултации со претставници од коморите.

 

 

 

„По сеопфатните дискусии за измена и дополнување на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила со цел пропишување на корелација за пресметка на данокот согласно новата WLTP метода, а во рамки на проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, Министерството за финансии во соработка со Царинската управа подготви предлог корелациона табела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Германија ќе и требаат 288.000 странски работници секоја година до 2040 година

 

 

Истата е дополнета со нов предлог во кој се земени предвид сугестиите на дел од бизнис заедницата“, се наведува во дописот од Министерството.

Од коморите се бара предлозите да ги достават до членките – увозници на патнички моторни возила и да испратат по еден свој претставник на средбата во финансии, дознава Пари.

Инаку, новата WLTP метода е хармонизирана светска процедура за тестирање лесни возила, со цел да се утврди потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови, за која во светот постојат строги ограничувања.

Целата анализа е достапна ТУКА.